53. Тогаш ќе се избегне конфликтот помеѓу и Грците и Македонците, зашто последниве не бараат тие што зборуваат грчки да имаат во своите цркви старомакедонски јазик а во училиштата сегашниот македонски јазик, ами тоа се бара само за оние што зборуваат македонски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од соседното село, каде влегле два или три дена порано, дојдоа и рекоа дека Италијанците нѐ бранат да се зборува македонски и дека секој може да си зборува како што сака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И рече дека кај нив веќе сите гласно си зборуваат македонски и никој не се плаши дека поради тоа ќе биде казнет, како што казнува Грците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таму мајка и баба им постелуваа. Со старичките си зборуваа македонски, а со мажите, па дури и со старците, освен едно калимера, не правеа муабет.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За печалбата во туѓина. Додуша, тогаш, во ’80 и некоја, Хрватска и не беше странство, ама на море, тогаш наше, преку лето, се зборуваше македонски.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Многу такви и слични мисли ме мачеа додека седев во неговата празна соба.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А ако заборавил да зборува македонски, а јас не знам баш најдобро англиски, како ќе се разбереме?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
— Нам ни забрануваат да зборуваме македонски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите други ученици се добро облечени и убаво зборуваат македонски.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Хорофилаци!(множина од грчкиот-хорофилакас- жандари) И зборуваат македонски...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пред да ми ја покрие главата, успеав на таблата што стоеше крај патот да прочитам: „Кажани“.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се поздравив на албански, а потоа го прашав дали зборува македонски.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Не разбирам – велам и го прашувам дали зборува македонски или грчки. - Да, зборувам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мир дита – велам и прашувам дали зборуваат македонски. Молк. А дали зборувате грчки? Молк.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред влезот не пречека висок маж, велејќи ни дека се вика Нако Брегу, сопственик на комплексот и дека мило му е да прими гости од Македонија. Одлично зборува македонски.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во јужниот дел, во Билишта, Корча, Елбасан, па и во Тирана не еднаш наидовме и на луѓе кои одлично или просечно зборуваат македонски.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)