зборува (гл.) - Грција (прид.)

И оттогаш јас не побарав да облечам униформа на ЕОН, оттогаш не и се лутев и не и се смеев на мајка што не знае да зборува грчки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рече дека сме од Скопје, така пресуди по табличките на колата и дека знае малку македонски, ама добро зборува грчки и италијански.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Близу 50% од жените не зборуваат грчки, или многу малку, исто и неколку стари мажи“.349 Според неговите опсервации “прикриените симпатии на населението...се прословенски“ и населението “сé уште не ги сакаат, не им веруваат и се плашат од Грците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И му јави на светот дека Маркос во своите одреди има странци кои не зборуваат грчки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)