При секоја негова малку почудна постапка во неговото растење и во младоста постарите луѓе околу него климнуваа со главата и зборуваа сѐ за оној, за неговиот предедо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога погледот ќе му падне на полуосветленото, безизразно лице на иследникот, зборува сѐ што знае. Без насилство, без додатна принуда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Знаењето сега, моментите на искушение ги прави понижувачки и пеколно неиздржливи, како што, некогаш, моментите на напредок во кариерата му ги правеше исполнети со самозадоволство и потем со блаженост. „Значи, да видиме”, започнува секогаш исто неговиот иследник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)