збира (гл.) - околу (предл.)

Снегот само си сее и снежинките, ко пеперужиња се збираат околу кандилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жабите крекаат, некои пилишта се збираат околу некаква мрша пред црквичето над реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се збираме околу огнот и примижуваме. Кучињата се чудат од под сливите Ѓенески. Гледаат кон нас и се чудат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)