Никој во семејството не смееше да го буди цариградското време, ниту Мајка, ниту ние, децата, ниту неговиот најблизок пријател Климент Камилски, кој дотогаш му се исповедувал на Татко за најскришните настани од животот збиднати во Франција, Шпанија, во борбите во земјата, во затворот на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А сепак, умот застрануваше од овие додатоци – она што ќе го задржеше вашиот поглед, беа само оние два мали хоризонтални процепи кои ги имаше наместо очи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ова Мајкино патување во Италија се збидна во пролетта 1939 година, неполн месец пред да биде окупирана родната Албанија, од дивизиите на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се вели оти обично во војните прва жртва е секогаш вистината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во поезијата на Алберти се славеше победата на вистината, враќањето од егзил, збиднато во Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако ми дадете да изберам помеѓу нападот на крупен силеџија силен на јазик и меѓу нападот на безопасен странец со сини очи, седнат тивко во некој агол, ќе видите дека нешто ќе се збидне во аголот секој пат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)