Кадијата зашета низ нив, галејќи го секое по главата, a по него влегоа низ деца и другите агалари и тие љубезно насмеани, галејќи и почнувајќи разговори поединечно и со групи. – Тебе како викаат бре малечок? – го праша кадијата Ангеле Сирмев, мазнејќи му ја бујната црна коса.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Таа желба за скитање се виде кај него уште кога беше малечок, кога ги правеше првите чекори, првото заодување, кога по старите обичаи, при преминување на прагот од куќата за да зашета низ дворот - му ставија разни предмети пред него: чеканче, мистрија, пила, секирче, книга, оглав, стап и други работи за да земе нешто в рака при преминувањето на прагот - за да се види што ќе го влечи во животот кога ќе порасте, на што ќе се определи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)