Зачекорувајќи во утринската сончева светлина, тој можеше да ја чувствува еластичноста на земјата, што беше накисната од дождот, која му се спушташе и подигаше под нозете, и се чинеше дека неговите чевли наместо ѓон имаат пена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Имаш уште пет минути! – протнувајќи ја главата, девојката зачекорува во собата до телото на младиот човек, што испружен на подот,маѓепсано гледа во сцената на екранот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)