зафати (гл.) - сега (прил.)

Пролетното лудило од првата година не беше ништо во споредба со ова што ги имаше зафатено сега.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога доаѓа приквечерината, Патрокле се одлепува од местото каде што е седнат (истото место што го зафатил сега Арсо).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едното го зафатија сега Орде и Пискулиев, на кого му дадоа и јорган, бидејќи не си носеше покривач од дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)