А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)