Ѕвонарот беше единствениот човек затечен во домот од стариот персонал на болницата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа „јасно“ бараше да престанам да се чувствувам како изгубен Германец кој се затекол во магично дислоциран Франкфурт, со пасивни закони (наспроти познатиот германски режим) кои рапидно збунуваат.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Димка го затеков во тесно одајче.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На Пелагија мајката ѝ запираат прстите таму каде што се затечуваат во мигот од наплив на настани и сеќавања.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)