Сеген не сака да ја изгуби козата, па ја затвора во темна штала, со двојна брава, меѓутоа го заборава отворен прозорецот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како Шарло во црно-белите филмови, додека рамката на фотографијата се затвора во кружен црн ирис... „Се вика Дитер Вислицени и има чин на капетан”, го известуваат првиот меѓу рабините и предводникот на солунската еврејска заедницата во неговата канцеларија, „и тука пристигна на 6. февруари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„... Нашите браќа по вера, горе, во Европа, со векови зборуваат германски“, не ја слуша Моше, „а гледај, Германците ги гонат и ги затвораат во гета.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Детето исчезнува а Мишко бргу се затвора во куќата.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Се склопчува, се затвора во некој ограден агол, молчи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој пак се затвора во својот свет, полн со мисли и некакви несфатливи светлини од коишто сета негова душа празнично грее.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се затвораа во кошарите и се триеја, откако пред тоа ќе се насапунеа со миско сапунче, првин со суви кочанки, а потоа и со памучни крпи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Колонијалистичката буржуазија во духот на колонијализираниот човек со сила ја набутка идејата за друштво од поединци во кое секој се затвора во својата субјективност и каде што мисловната разноликост претставува богатство”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се тресеше. Непроверените и сепак можни вистини на минатото го затвораа во сенки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сакаше да праша дали тој шеф во таа ноќ го посетил и дали се уверил дека не е тоа за што го сметаат кога пак не го затвораат во платнен оклоп, но ги стисна забите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И обајцата умираа од надеж да се вратат во нивната слободна Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ќе стапи Јасер Арафат на чело на Организацијата за Ослободување на Палестина, во февруари 1969 година, Махмуд Дарвиш ќе биде петпати затворан во периодот од 1961 до 1967 година, ќе ги поврзе заедничкиот идеал да ја создадат слободна Палестина со нивната револуција која би била катализатор на арапското единство и не обратно (како што сакаа арапските режими).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Полека полека се затворавме во себе оти на располагање имавме само едно полугодие па индивидуалните можности се ставија на прво место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А кога ќе се разбудел и кога ќе го видел така опожарен и разурнат - пак се затворал во ќелијата за да не го гледа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како што му растело рокчето, така сѐ повеќе се јадосувал, сѐ повеќе се затворал во себе и со никого не контактирал.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не беше прв пат Татко толку долго да се затвора во библиотеката, но никогаш не чекорел толку многу од едниот до другиот крај на собата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ама немав доволно сила!... Да те затворам во дом...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сигурно сè ќе искрши.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„ Margina #21 [1995] | okno.mk 131 Ја мавнува уште еднаш машината... по еден бокс со двете тупаници...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Душата голема се затвора во процес за оние што будни со години тука спијат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Најмногу од сè ми се допаѓаше што тетка ми откако ќе се врати од работа, ништо не треба да пишува, не се затвора во собата да чука на машина, како мајка ми, и не ми вели: „Морам да одам в кино уште веднаш“, туку вели: „Сакате ли да одиме в кино заедно?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
25. Нѐ затвораат во касарната на Демократската армија, а Филип Хаџиевски ќе рече: — Мајката, овие прописно нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)