Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И тогаш таа се сети на намуртеното лице на Даниел кога таа и Даниел застанаа таму да наполнат бензин, еден ден пред нивната свадба и кога таа ги претстави еден на друг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)