Тој застана со втренчени очи во Трајка и почна нешто да мрмори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Излезе неколку чекора напред, застана со подрасчекорени нозе, ја крена главата издолжувајќи го вратот и бидејќи снизок, малечок, изгледа како петел на буниште.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
МАРА: (застанува со рацете потпрени на половината и го гледа).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Куклата застана со раширени рачиња како за лет.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
5. Ако тужениот ги оспорил и основот на тужбеното барање и износот на тужбеното барање, а во поглед на основот работата 204 узреала за донесување на одлука, судот може заради целесообразност прво да донесе пресуда само за основот на тужбеното барање [меѓупресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До правосилноста на меѓупресудата судот ќе застане со расправањето за износот на тужбеното барање (чл. 316, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)