Оној таму - засолнат зад генералските еполети - е директорот на Банк де Франце.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од левото крило на саемските градби беа излезени високи Снешковци на прошетка по моделираните снежни планини осветлени веројатно од рефлектори што беа закопани во снегот или засолнети зад овалните бели брда.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тие што се обиделе да го фатат, постапиле благоразумно и се засолнине зад еден каменен ѕид.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Смирен и цврст, свесен дека води тешка битка со некакви сили во себеси, дека победува, Бојан се засолни зад една карпа, за да не им пречи на орлите, се свитка врз сувата трева, потпирајќи го грбот до топлиот камен и се подготви да ја помине ноќта на Орелска Чука, со орлите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се засолнал зад едни шипје и отаде ги видел луѓето.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А беше сигурен дека исто така како него пред да се засолне зад чамот се чувствуваше и неговиот побратим кога го нишанеше на најблиското растојание и кога не го погоди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)