Но кое значење?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само за миг, додека Милдред се устремува преку собата до телефонот, сенката што ја фрла некоја надворешна светлина низ венецијанерите од двокрилната застаклена врата од нејзината канцеларија прелетува, и тоа двапати, во тенки паралелни црти врз кривините на облото и во костум хармонично обружено сензуално тело на Џоан Крафорд и врз нејзиното вџашено, величествено, свесно, згрозено, но решително мирно лице.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата сликовна секвенција, иако е мошне кратка, ја исполнува силно, речовито кинематографско значење што значително ја засилува моќта што персоната на Џоан Крафорд ја има врз публиката и придонесува кон утврдувањето на особениот вид женственост што таа го отелотворува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сето ова се случува во само една секунда од метражата на целиот филм.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)