запре (гл.) - во (предл.)

Сликата претставува семејства запрени во облаци меѓу земјата и небото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вечерта воспитачот ме запре во ходникот, ме чепна со прст преку носот и ми рече: „Добро е, мали.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Запре во лагот свирката на овчарчето. Јанка заплака...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Запри во тихиот снег на мојата рана зима, во црната пештера запри кај сѐ е облечено в бело Во црната пештера похотно те ограбувам, станувам песочно дно со бели округли тежини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Неговиот каменен од запрел во миг на двоумење како што љубопитникот занемува пред настојчивоста на смртта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се исправи и ги стегна песниците. Здивот му се запре во градите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На едно патување од Лондон во 1927 година ќе запре во Париз, за да го посети својот вујко Али Фети Окјар кој беше тогаш амбасадор на Турција во Франција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Даниел му кимна со главата и продолжи да оди, но гласот на човекот го запре во леите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стигна и запре во Клисура колата со ковчегот во кој лежеше Сане Сандин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Мори, ќе седнам, лисо - му рекла мечката - туку те молам, лисо, жити мајкина ти душа, стори еден завмет, ако ти делил Господ некој маривет, да ми изваиш една коска магарешка што ми се запре во грлово.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие нозе не запираа, не сакаа и не можеа да запрат во заедничкото движење во малото квадратесто шеталиште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Може ли да биде во часот кога сонцето го има својот зенит или да го запрам во времето на најубавото што во христијанството им се случило на безгрешните и овие другите, кога воскреснува најсветлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Отец Висарион одеше напред и за ништо не се противеше. Ја прејдовме мртвицата и запревме во нивата зад врбите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
1. На враќање од Кападокија,23 автобусот запре во Аванос24. Сите туристи слегоа и се разлазија низ градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше и некои други садови на кои не им се знаеше намената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но многу години пред да се засолни Јасер Арафат со своите најблиски соработници во Тунис, заедно Палестинската ослободителна организација во 1982-та, по опсадата и напуштањето на Бејрут и Каиро, тој кон крајот на 1974, пред да замине во Њујорк каде што ќе го одржи (на 13 ноември 1974 г.), својот познат говор на Генералната асамблеа на Организацијата на Обединетите Нации кога ПЛО ќе биде примена за набљудувач, ќе запре во Картагина да го поздрави Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таков беше мојот анти-херој на Картагина, во времето кога самопрогласениот херој на вечната Картагина Хабиб Бургиба беше запрен во својот митски од кон вечноста. Останав загледан кон морето, кон брановите, во нивното вечно пристигнување и размислував за заминувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат запрен во својот налет и вознес, зачудено ќе го запраша мирниот туниски раиз: А што би рекле, вие претседателе Бургиба?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Картагинците Хабиб Бургиба и Јасер Арафат беа антиподни личности во нивното разбирање, прифаќање и однесување кон владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На пат кон Цариград со семејството Татко запре во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го исполнуваше заветот на својата Мајка кога беше жива, еднаш засекогаш, да се пресели во Цариград и да биде прифатен од другиот дел на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога автобусот се спушти низ планината и запре во селото, срцето му заскока како на пиле.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога возот запре во Венеција, градот во кој, во триесеттите години, престојувале Мајка и Татко, на нивното единствено заедничко патување во животот, са­кајќи да ја изненадам Мајка, ѝ телефонирав од станицата: – Мајко, ви се јавувам од Венеција.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка и ова патување со вовчето кое требаше да запре во новата станица на судбината, херојски го поднесуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Страниците му летаа под палецот. Потамина запре во белите листови, го отвори именикот токму на буквата Б, на Бри...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако сомнително погледна кон сите страни и погледот го запре во текот на реката, тој започна: - Ме тишти, побратиме, голема мака, колку еден живот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Прелевањето беше толку бавно, толку спокојно и толку елегантно, што изгледаше просто нестварно, и како, ако ништо друго, да ќе запре во секој миг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запревме во Тирана. Ни ги отклучија лисиците и пак нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запревме во една дупка кај што гореле јаглен некогаш. Рупа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
8. Од Кичево запревме во Гостивар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вие успевате да откриете од макабричната повест во Атеистичкиот музеј дека татко ми запрен во Скопје, во својот неизвесен балкански егзил, всушност на свој начин, предупредуваше дека нема враќање од егзил во родната земја, за да ја признаам својата грешка пред неговиот гроб.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)