запре (гл.) - здив (имн.)

Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И со запрен здив почна да очекува одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Долното, горното, долното, горното, едното, едното! — се слуша од десетина сеирџии, кои со запрен здив чекаат Ристе да мавне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Треба само да бидам релаксирана, да се визуелизирам себеси како летам, да го запрам здивот, да се сосредоточам на движењата, да ја визуелизирам дестинацијата и да се обидувам да останам во воздух што подолго...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Сега!“ реши Бојан, па го запре здивот, ја фати најблиската ѕверка на нишан и храбро го повлече чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мошне внимателно, речиси со запрен здив, Бојан се искачи врз рамењата на својот другар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така ќе одат со собрано срце, со запрен здив, да го затворат вратничето од ќумбето за да не пушта светлина во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога сега, помисли, кога сега би го наполнил празнион простор под себе со своето паѓање и со еден крик, нивниот крик, кога би ги собрал раштрканите луѓе околу една црна сенка на плочникот!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Без музика и без рефлекторска блештавост, само со тоа меко, нечујно и невидено паѓање, од кое би останала само една црна сенка на плочникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)