запраша (гл.) - зошто (прил.)

Имено, гледајќи како калуѓерите од различни тревки прават лекарства за себе и за селаните кои доаѓаат да бараат помош од нив, еднаш се запраша зошто бог кога ги создал луѓето не им ги открил и лекарствените тајни на билките?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го читам 22-то пеење: „Уште денес мислам на Неа, со полузатворени очи кои излеваат љубов на витото тело, опуштената роба и густите коси, на дивите патки во лотосовата градина на љубовта, и на идниот живот, и на крајот, повторно се сеќавам“ ДВЕ ЖЕНИ „...кога докторот ПолБрантон отиде во посета кај Махариши Раман, тој го запраша зошто дошол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога љубопитните ќе го запрашаа зошто тоа го прави одговараше шушкаво: да се опијани змијата за да не избега.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога потоа се запраша зошто е толку нервозен, сфати дека си мисли „Гадот се ожени и не живее веќе со мајка му“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој се зачуди: О! Вие сте единствена што носи домашно, така рече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори: „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А како би требало да реагира?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Букви, синко, тоа е машина за пишување - велеше татко му; а никогаш не го запраша зошто пишува и со молив, и со машина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Никогаш не сте ме запрашале зошто се вика Шесте чешми, тоа сосем нормално сте го прифатиле,а еве, ни дојде Влатко и му се виде необично - Зошто Шесте чешми?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)