запраша (гл.) - кој (зам.)

Пелагија не се запраша кој и кога го испратил по кола, меѓутоа кога е тука најдобро со неа да го испратат до тумбата, оти иако дедо Костадин собран колку едно малечко дете, од тука до горе е прилично далеку.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нека се запрашаме кои од јаболката во купот се наоѓаат под најголем притисок.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пред да отвори, тивко запраша кој тропа. - Јас сум, госпоѓо, Игор Лозински!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)