започне (гл.) - веднаш (прил.)

Би можела да започнам веднаш со работа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ја крена главата од отворените книги и, со вечно благиот израз, го прифати загрижениот поглед на мајка ми. – Прости – започна веднаш мајка ми – што те вознемирувам во оваа доба. Морав.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потрагата на Јана започна веднаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ема започна веднаш штом излеговме! – Слушај!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)