Така ја започна својата кариера жетварот Стале Чешелков и од ден на ден ја зацврснуваше, ставајќи во очите на дедо Арсенија се поголем, се почесен, повреден и попредан на манастирското и калуѓерското дело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На овој универзитет Хегел ја започнал својата филозофска дејност, во почетокот под големо Шелингово влијание, но набргу сосема се осамостојува и со текот на годините го развива и го употполнува својот филозофски систем.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Британските планери предвидувале дека доколку Германците го започнат своето повлекување главниот правец би бил кон север и би оддел по Вардарската Долина и по железничката пруга Белград-Солун.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тоа и ја прави особена неговата работа графичкиот дизајн во дигиталната средина откако ја започна својата продуктивна кариера. Frere-Jones го дизајнирал својот прв алфабет во 1986 г. кога имал 16 г., победувајќи на натпреварот „Alphabet Design Contest”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во свеста на Дишан раѓањето на детето можби се идентифицира со Жана Саре како невеста, иако во тоа време таа веќе била мажена за друг човек (за агент на една осигурителна компанија кој го одгледал девојчето како свое).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали е коинциденција тоа што по една година Дишан ќе ги започне своите истражувања за едно дело чија централна тема е неуспешниот обид на додворувачот да ја добие раката на својата љубена?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Клекната под иконата на заштитницата на раѓањето, Рада тивко колку самата да се чуе ја започна својата исповест: „Помогни ми пресвета Богородице да го одберам вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Драги мои, Томо со крената чаша ја започна својата здравица додека разголената полна месечина го нурна својот зрак во полната чаша пенливо вино, вечерва добив вест која е поскапа и поголема од сето азно на овој свет.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Младиот водич З.З. ја започна својата беседа за арената, додека Х.Х. појде сигурно да се поврзе со Централата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секој момент очекувавме ѕвездите да се качат на сцената и да го започнат своето првутесто паѓање врз рамото на Земјата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ете, овде брачниот пар Павловиќ (автори на сценариото за популарните ТВ-серии Бољи живот, Среќни луѓе) одлучија да ја започнат својата кариера на успешни ТВ сценаристи.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Воениот суд ја започнал својата работа истиот ден кога била донесена султанската наредба за неговото формирање - на 4 мај 1903 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Не! Ханс мислеше како да го започне својот најнов расказ, но сфати дека темата на која прво се сети е премногу тривијална.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Според Јагулчета Дримски, Цветан Горски, го започна својот прилог од „високо“, а и што му требаше да го меша во овие работи рускиот емигрант.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
X Децата пак ја започнаа својата акција против Бошка Манев, Мартина и неговите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Можеби првите Мајкини гени го започнале своето патување од далечната Персија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред четири години Холанд ја започна својата работа со симулација на екосистем во кој дигитални организми се обидуваат да опстанат и да се размножат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Достасаа и ветровите и ја започнаа својата битка над селото како тука да одбрале најдобар мегдан за пресметување.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)