Еден дел од овие гени и хромозоми, можеби, својот почеток го имаат во далечната Анадолија, за да се вкрстат со други, во срцето на Балканот, во Прилеп, па потоа кон нив да се вклучат други, некаде од областа Сул, крај Јонското Море, за да продолжат кон бреговите на Езеротои, оттука, да започнат нов балкански круг.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
После првите разочарувачки тест-резултати, работата на него била одложена сѐ до 1943- та година, кога Хофман започнал нови истражувања, ја испробал дрогата на себе и го искусил првиот трип воопшто.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жената од телекранот започна нова песна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секој ден треба да е трагање по емоции и убави чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
По некое време, јас ги прекинав, им се заблагодарив на двајцата што беа толку отворени во врска со своите проблеми и што толку јасно ми демонстрираа како стојат работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
По извесна пауза, Џон и Ен започнаа нова рунда на обвинувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Х.Х. откако виде дека нема ништо позначајно да кажам со што би го започнал новиот работен ден ми ја покажа салата за појадок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Подоцна ми ја уфрлија Ема Ендековска и оттогаш започна ново поглавје во мојата професионална кариера.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со завршувањето на војната, започна нова борба на луѓето за животот: почна ново одење по светот на печалба за да се купи жито, добиток, да се поправат старите, изгорените куќи, да се направи нова; да се купи и прошири имотот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Каква ли е оваа лукавост на жената со која започна нов живот?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Штом започна нов живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
За семејството Вриони ќе започне нов егзил во Крф, до преземањето на власта од кралот Зогу, кој по падот на Фан Ноли во 1925 г. ќе му предложи на Илјаз Вриони де биде ополономоштен министер на Албанија во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)