започне (гл.) - преговори (имн.)

Кога Грдан отиде на брегот да си ја види бавчичката, Профим веднаш започна преговори со него за да му ја купи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дојдоа до Ѕадна Река, зад село, и започнаа преговори со грчките офицери, бидејќи овие не сакаа да ги пуштат в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но како што секоја Пепелашка има своја самовила, така и јас по еден магичен телефонски повик го напуштив омразеното работно место и започнав преговори за мојот прв сериозен ангажман во Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)