Помирувачот е должен да ја започне постапката за мирно решавање на спорот наредниот ден од денот на приемот на предлогот и документацијата за предметот на спорот и за тоа да ги извести страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Укината е и можноста стечајниот управ- ник и претставниците на работниците, пред да започне постапката за меѓусебно спогодување на интересите, до Заводот за вработување да поднесат заедничко барање за решавање на вработување на ра- ботниците на кои ќе им престане работниот однос“ (чл. 32).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Претседателот на Комисијата за посредување е должен да ја започне постапката во рок од 48 часа од денот кога е пристигнато барањето!
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При ваквите отпуштања работодавачот е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците најмалку еден месец пред почетокот на отпуштањата за начините и средствата за избегнување на колективните отпуштања, намалување на бројот на отпуштените работници или ублажување на последиците преку прибегнување кон соодветни социјални мерки за повторна обука или вработување на отпуштените работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со ЗИДЗВРС од 2009 се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола, врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со додавање на три нови става, од кои во еден од нив се пропишува дека завереното барање за издавање на дозвола за вра- ботување со останатите неопходни документи, согласно со Законот за странци, 5 странецот го поднесува до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, со цел да започне постапка за добивање на работна дозвола (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)