започне (гл.) - војна (имн.)

Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во една таква ноќ, во летото 1941-та, во истиот миг кога се огласи Бучалото, на небото од кај Прилеп спрема Потковицата се зададе нешто светливо и брзо и ги крена на нозе жителите на Потковцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Да, ама денес е денот кога треба да се исполни вториот дел од прекрасна максима- да се подготвуваме како утре да започне војна!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Истото беше направено од советникот на Михаиловиќ, Драгиша Васиќ и од Јово Молевиќ, луѓе кои беа хрватофоби уште пред да започне војната".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците биле сосема свесни дека во однос на Народноослободителната и антифашистичката војна, уште од самиот почеток на војната, го помагала движењето на генералот Дража Михаиловиќ, кој и ја започнал војната против нацифашизмот во април 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, "додека Павелиќ и Недиќ се согласуваа дека Југославија не може да опстане без сила, Југословенската влада во емиграција го промени својот политички курс од проста причина што пансрпското движење претрпе целосен неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските воени мисии од септември 1941 година биле присутни во штабот на Дража Михаиловиќ и во некои други негови единици, на кои им испраќаа како воена така и материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во посета повремено ни доаѓаше по некоја сосетка, по некоја пријателка, и тогаш ќе се споменеше дека ќе започне војна, “уште една голема војна,” така велеа сите, а потоа војната навистина започна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дед Павел го посетивме малку време пред да започне војната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Негде при крајот на зимата или во рана пролет, после еден убав дожд што ситнеше речиси три дена и три ноќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)