заплови (гл.) - во (предл.)

Емоционалната интелигенција ќе ни помогне правилно да го интерпретираме тоа што срцето сака да ни го каже, да ги следиме реалните сонови, желби и потреби за де не отидеме во погрешни правци, мислите да не запловуваат во други надреални места, зошто тоа не е и нема да биде стварност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трошчејкин сепак успева да заплови во светот на фантазијата (кој за него се претворува во област на неподнослив страв).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму таа нејзина импулсивност беше и пречката Јана да заплови во некоја посериозна врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го искористувам моментот на самоста да запловам во фантазија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
БОЖО: Лесно е да се стави рака на чело, шал околу вратот и да се заплови во велтшмерц, во карасевдах.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нашиот брод, „Мичурин“, така беше испишано со кирилично писмо, се помрдна, одби од брегот, заплови во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)