Не ми беше за мене, ми падна морничаво како успеа целата фамилија да ми ја заплетка во неговата сочна каша.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се заплетка во криви и тесни сокачиња на циганскиот крај и забележа: сѐ е ноќе поинакво - и луѓе и куќи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Каде ли ќе слета чудовишниот папагал, на лустерот или на завесата, или можеби ќе ми се заплетка во косата! Вистински хорор!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога го осветли со свеќата, Филозофот отстапи чекор назад, ме фати за раката и рече: внимавај, да не ја допреш пајажината, да не се заплеткаш во неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Само тој ќе успее да не се заплетка во клопчето на писмото, само тој ќе ја дофати својата, благодетна нишка од преѓата на значењата; само тој е Христу подобен, оти ќе види.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зарипнат машки глас ќе се заплетка во нивната мелодична врева. Високо и ѕвонко трепери женска смеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Халт!“ Како да се заплетка во густа жичена ограда, невидлива и затоа уште пострашно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Двајца по двајца, машко со женско, тргнаа претпазливо по патот, кога одеднаш големиот лидер на малото племе се заплетка во една стапица од хартија и никако не можеше да излезе од неа.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
КАДАР (19) рез на поглед од перспектива на публиката, кон БАРБАРА, која ја следи ЛИПСИНКА на сцената кон десно и ѝ се заплеткува во здолништето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мислам дека се имаше обидено и мене да ме заплетка во својот најлон но навреме се измушнав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како гледате на постоечката состојба на социологијата? Во својата доминантна форма, социологијата произлезе од лажното ветување дека таа би можела да им помогне на менаџерите на јавниот, економски и политички живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Слободата се заплетка во мрежата на зависноста: вие станувате послободни со купувањето на повеќе експертски услуги и станувате зависни од нив. Дотолку слободата ја зголемува зависноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Иван Степанович се заплетка во цревата на сопствената ненаситост иако знаеше дека комунистите таквите глупости ги казнуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го фати ветерот што беше на минување, го заплетка во своите гранки со ретки лисја и се обиде да зашуми некоја дамна заборавена песна.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)