запали (гл.) - село (имн.)

До вечера сакам парите на рака, или давам заповед на сејмените да запалат селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Кој ви го запали селото, прашуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Водевме борба со Германците пред Мацково. Германците го запалија селото, ама не навлегоа во него - му објасни Трајче. - Тоа го разбрав од писмото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
XVIII Германците најпосле решија да ги спроведат своите заканувања: забрзано се приготвуваат да го запалат селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги обиде и сите селски улици, викајќи си повеќе за себе отколку за селаните, и веќе тие што беа скриени во јамите, во племните и амбарите, во кочините и разни други скривници, почнаа да излегуваат, прашајќи го што стана, како стана и што мислат сега агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прибирајте се дома оти мудурот ќе го запале селото, ееееееј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)