Иако беше дење, Даме ја запали ламбата и првиот лист го принесе до ламбата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој седна на работ од креветот и ја запали ламбата што беше на ноќното орманче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
АНТИЦА: (влегува и подава шамија на Саветка, а потоа ја запалува ламбата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
На решетката легна ноќ. Запалија ламба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си дошол и Ристе и на веста што ја стори Злате, беше ја запалил ламбата (една во цело село), во одајчето, (едно во цело Мариово) и чека „мили гости".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Седевме во темница, па Дипен потстана со мисла да ја запали ламбата, но повторно седна без да го стори тоа, откако Г. рече дека е дојден да се посоветува со нас, или, поточно, да побара мислење од мојот пријател во врска со некоја службена работа што предизвикувала големи неволи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го прочитаа писмото. Во него учителот Кралев пишуваше: „Брате Даме, тука поминаа двајца луѓе, преоблечени во комитска облека.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Го запалија огнот, запалија ламба и на жарот турија да се печат пиперки.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)