Запалија борина колку да каснат, штрбнаа од чаденото месо за продавање, пивнаа од студеното винце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога веќе стивна борбата, забитот нареди да се запалат борини и веќе се шеташе со аџиите низ аскерот да видат што стана.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Освен тоа, недолжников не можел да запали борина со учкурот на гаќите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедо Бошко сакаше да ѝ рече на жена си да ја запали борината, но нешто го сепна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Тој што ми ја запалил куќата знаел дека не сум дома.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стојан запали борина и го исправи светелникот под оган.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)