И ќе ги запалиме, прошепоте Мена, сите ќе ги запалиме. Да, рековме ние, Веселин и јас, ќе ги запалиме сите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И најпосле, кога зедоа што имаше за земање, кадијата нареди да се запалат сите куќи во селото, така што кога тие го напуштија, тоа остана во пламен.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се чувствуваше како среќен балкански Дон Кихот кому поради неговото некогашно револуционерно ритерство, инквизицијата сепак не му ги запалила сите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)