Во некаква незавршена балканска алхемиска игра на случајот, се надоврзуваа неговите источни и западни идеи во потрага по вистинскиот излез на семејството, за на крајот да се препушти на верната интуиција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
* Потрагата по животот и делото на францускиот поет Гијом Аполинер, од италијанско-полско потекло, ми го отвори патот кон откривањето на неговите врски со албанскиот полиграф Фаик Коница, од сталинско-енверскиот албански режим прогласен за „државен непријател број 1” поради своите западни идеи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Помладиот син се врати со своите западни идеи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)