Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Мама на престол      Роденденска      На село  има еден момент  кога сонцето заоѓа  и одеднаш сѐ стивнува,  како заспано дете,  како кафана по фајронт.  Мир кој човек мисли  дека некако го заслужил.
               
             
           
            
            
              „Најважната игра“
               од Илина Јакимовска 
              (2013)