заниша (гл.) - глава (имн.)

Моето не се знае... - тажно ја заниша главата старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште повесело ги занишаа главите цветчињата, уште порадосно и весело се огласи Штурчовата виолина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Разбирливо, беше свесен колку неговата помисла е дури и повеќе од бесмислена и тоа му стана толку смешно, што речиси гласно се насмевна, а кучето ја заниша главата, трепна со очите и на господин Гроздановски му се пристори како тоа сожалувачки да му рече, „Не биди наивен!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лепилото ја реши нејзината судбина.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Карамба-Барамба ја заниша главата. - Јас немам лепило. Јас дури и не знам што е тоа лепило.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дедо ми ја зеде шарената топка и ја заниша главата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кети ја заниша главата од една на друга страна, како да се случило нешто многу лошо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Скитникот повлече неколкупати од цигарата и ја заниша главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правејќи ми пат ја заниша главата во црната забратка и почна да ги џвака зборовите., брзо, гладно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
“Бев во Кореа,” рече тој откако едно од телата се распадна од невнимателното носење, „можам да разберам момци да пукаат едни во други убивајќи се, ама ова - “ ја заниша главата. „Исусе Христе.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Портирот само пријателски си ја занишува главата и не му го бара пасошот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дивината не одеше пред нивните зли очи, изврзана, претепана или со рани во месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе е на арно ако ја зел тој“, сонливо ја заниша главата Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Детуле е Онисифор Мечкојад, така мислеа“ прекорно ја заниша главата Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сеедно.“ „Тој ти ја дал, тој ти ја зел“, суво рече Арсо Арнаутче. „Побарај го и земи му ја.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога помина крај мене ја заниша главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сврте кон сликарот и ја заниша главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дојдениот ја лизна од крај до крај горната усна, застенка, ја заниша главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја сфати неговата благост и ја заниша главата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А дали секој што напаѓа луѓе е луд?“ Низ носот на старчето протече чудно шушкање. „Мошне сте љубопитни“, рече. „Што работите?“ „Се“, ги рашири рацете Отец Симеон. „Сонувам и понекогаш мислам дека сум дрво.“ „Разбирам“, ја заниша главата старчето. „Разбирам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чудеше - со каква нечујност можеше да му се доближи толку. „Не“, ја заниша главата Иван; го гледаше рамно в очи. „Важно е.“ „Важно е“, се насмеа Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старчето тажно ја заниша главата. Ништо не рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
“ „Така е“, ја заниша главата Марко; денот на свадбата го разубави со некаков сјај во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Александар ја погледна в очи и благо ја заниша главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ти сега плачи, ќе и рече, после појди во станот и земи го памучниот палјачо. Ќе ја заниша главата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оној со ежевска коса ја заниша главата (ја гледаше само неговата сенка), другиот остана неподвижен и загледан пред себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седна на скалите, навали лице на налактените раце и заниша глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Султанот заниша глава: „Ашколсун”, рече, „ама не сакам да го видам тој ќопук.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја заниша главата. Се зачуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)