занесе (гл.) - дека (сврз.)

Сосе топчето, понекогаш и небото молчешкум се оддалечува од нас, а се помалубројни се оние кои уште се занесуваат дека сосе топчето, кога-тогаш, ќе одлетаат дури до дома, да си ја преповторат приказната за Силјан Штркот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тие луѓе иако сонуваат дека главата им е негде високо, како врвот на Килиманџаро, и се занесуваат дека нивната глава ги надвишува сите други, не забележуваат дека така им се причинува само поради оној бел облак што вечно е присутен на високиот врв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Низ сиот свој дотогашен живот - гимназијата, илегалата, партизанството, комесарството - тој и не занел дека во него се крие тоа зрнце, тоа Äркулче, тоа ѓаволче, способно да се расцвета во боцки од смеа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)