заминува (гл.) - по (предл.)

Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Обично се забираше со некоја тајфа ѕидари, ако беше тоа пролети, или пак со некоја група дуќанџии, есени, и пак заминуваше по светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штом ќе се спуштеше мракот сѐ живо заминуваше по куќите како во гробови, помисли, занимавајќи се со своите размислувања.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој долго ќе климаше со главата и со мрморење ќе го одобруваше она; што ќе го речеше Претседателот, заминувајќи по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа го виде аскерот како заминува по патот удолу надвор од Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)