замине (гл.) - уште (прил.)

Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги повлече вујко ми кој таму беше заминал уште пред Втората војна. Посетне тие го повикаа брат ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)