замине (гл.) - назад (прил.)

Бројот на луѓето пак се смали. Оние од придружбата во едниот џип, сосе џипот вилус, си заминаа назад во градот, а другите тројца, го оставија оној друг џип лада кај куќата и тргнаа по мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сега таа се китеше пред неговите очи со своите ѕвечкави низалки, а тој не мислеше ништо, не чувствуваше дури ни глад, беше за сето време свесен само дека може да се спрема за во некој од идните денови да си замине назад, дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна, тој пак замина назад во манастирот, но веќе со мајка му имаше редовно допишување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дојдоа синојка за да го остават него тука, а утре оние да си заминат назад, во селото, далеку од тука едно добро летно претпладне пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, истиот ден, мораше да си замине назад.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И ова не е толку страшно за утре да не сакате да си заминете назад; вие тоа морате да го сторите токму утре, додека постои некаква разгазена дира по снегон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)