замеша (гл.) - прст (имн.)

Судбината замеша прсти, ме фати во расчекор, се разминавме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Интересно, си реков, дали е тоа коинциденција или некој некаде замешал прсти!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како да го објаснам тој полет во движењето рано наутро, кога сѐ што шушка, капе и тренира нерви одеднаш не го есапам, како да го нема. Бог ги замеша прстите?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ортакот, човек вреден, немаше работа во која да не си ги замеша прстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)