закопа (гл.) - свој (прид.)

На 8 март 1986 Радио-Скопје соошшти дека мајките од Кабул, во мирни демонстрации по улиците, молеле да им се дозволи да си ги закопаат своите загинати деца и извикувале: позволете им да се симнат меѓу своите врсниц в земја, кои го бичуваат ветрот и на кои место коса им расте треба врз главите.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Го закопа своето рамо меѓу рамењата што се допираа, се тискаа и се одвојуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гнев, несовладлив гнев му ја обзеде душата: - Како тоа само со пет души! - му се внесе јаросно во лицето на сопственикот и му го попречи патот, готов да ги закопа своите суштерни прсти во неговите мазни, потни подгушници, да ги раскине на парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Остави им ги мртвите на мртвите, вели Андреја Тарковски, дајте ми ги мене. „Мртвите нека си ги закопаат своите мртви“, рекол Христос некогаш и некаде, којзнае кога и којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)