заколне (гл.) - во (предл.)

И пред бога, дека требаше да се заколнува во вистинитоста на своето кажување, и пред своите најблиски, и пред сите жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, ова чудо сосем ме истрезни. Е, ајде и тоа чудо да се стори. (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Еве да ти се заколнам во децата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Исѝ одос”, ќе се повика на солидарноста во името на Бога, ќе го заколне во споменот на Соломон, во Ерусалимскиот Храм, во Светијата на светиите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гледа дека во него е згаснат секој пламен, па не се ни обидува да го пали оној тектонскиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
My се заколнаа во стариот господ Ристоса, и во новиот Мухамеда, но поп Јаков му го повтори секогашниот одговор Дури стои главата на рамењата, нема никакво предавање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак ќе морам да се вратам еден ден, си мислев, се заколнав во душата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А бидејќи се заколна во името на господа Исуса Христа, не можеше да го прекрши ветувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само, кој ќе го знае тоа име ако не го знае ни свети Ксавиер?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога претпоставуваше дека Злата мора за излезе од дома во дворот или да оди некаде, со часови седеше скриен зад оградата од дворот и чекаше; некогаш успеваше да ја види, па дури и да ја пресретне, да ја задржи за рака барем за миг и да ѝ каже, да ѝ се заколни во што сака - дека му поминала болеста, дека не станува ноќе, но таа молчеше или расплакувајќи се, ќе му речеше: - Таа болест не поминува... вели тате.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)