Стои тој во сенката на големото име на својот народ, знае: полека мелат божјите воденици, побавно штрака штичката над левакот, полека се истура плодот врз каменот, и знае тој дека при ова се вели: дајте да запееме за поголеми нешта, да ѝ запееме на семенката, на 'ртулецот да им запееме, на она кое нè продолжува да му запееме зашто тоа ги содржи сите облици низ кои ние, нивното потомство минуваме.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)