заигра (гл.) - со (предл.)

Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зајачињата се заиграа со лисичињата. Им стана толку весело...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така јас се заиграв со кучињата додека едно време, туку што Геско или Мурко ми го вратија чукалото, не почуствував како морници ми ја креваат косата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)