Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога го слушна пискотот на локомотивата, нешто заигра во неговото срце, појде кон вратата на купето и се врати повторно на излезот од вагонот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Внатре бевме Кенди, Холи и јас и сите три помисливме дека е луд.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
“Дојде во станот на управникот на театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Многу години подоцна, бидејќи Ниро стана доста познат, Џеки ми раскажа како тој заиграл во неговата претстава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Изгледа знаат дека ако се мирни и си ја вршат поставената задача, еден ден можеби судбината ќе и се насмее и ќе заиграат во центарот, то ест ќе станат централни личности во животната заедница.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тогаш иглата заигрува во затреперените прсти.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Окото на месечината како да го позлатуваше неговиот ветропирест танец, а Змејко не можеше да ѝ избега на потсмешката над таа безмисленост, што му заигра во очите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука сум јас!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Штом ќе ги видеше, на Зоки нешто скокотливо ќе му заиграше во стомакот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Понекогаш жар птица им заигрува во сните, а тие си ги лечат болките со звуци на балалајки.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Понекогаш свеќа им ги осветлува и песните и мислите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сега ќе помине синџирот и нејасно ќе блеснат златните еполети, сега ќе заигра во нечуен кас извидницата во топли капути, во капи со црвени опашки, сега повторно поручникот со монокл и со крут грб, сега пристоен полски офицер, а сега со громогласни бесни пцости пролетуваат сенките на руските морнари, размавнувајќи со широките панталони.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се чини дека во трк се наближуваат стрелачките ланци, дека ситно yвечка оружјето... секој момент се чини дека од калдрмата ќе изникне сива, расплината фигура и ќе повика: - Стој!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)