Суштествата не се раскриваат зад границите на самите себе, едноставно, се чини тие едвај ја дочекаа оваа нова перспектива за да го заземат своето вистинско место.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од десната страна на масата на која седевме со мојот адвокат, на долга клупа, поставена дијагонално, ги зазедоа своите места неколкумина сведоци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Су пак го зазеде своето место зад шанкот во „Шоферското излегувалиште“, а Едо и Марко пак скоро секоја вечер киснеа таму со тоа што сега не седеа обесени на шанкот туку на некоја од масите, обично понастрана од средето на локалот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Салата била веќе полна кога кратко време пред 3 часот (“алатурка“) пристигнал валијата Хасан Фехми-паша и го зазел своето место недалеку од претседателската фотелја, до него седнал командантот на Третата армија маршалот Хаири-паша.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А оној, неговиот, полека се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место, темен и едвај чујно заскимтен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
а абер – вест, порака авур и ар – штала, просторија за чување добиток ага – виден граѓанин од турското население агалар – аги Агарјани – старовремено име за Турците адет – обичај, навика азно – благајна; благо, богатство аир – полза; добро аирлија – среќно, благословено да е акшам – приквечер; вечерна молитва (од петте вообичаени молитви, четвртата по ред) алајка – слугинка, прислужничка, обично робинка на богата жена Аламанци – Германци (според турскиот јазик) „алатурка” – по (на) турски (начин) алах и ала – бог алашвериш – давање – земање, купување-продавање алипен – сакат, инвалид анама и ханума – госпоѓа, сопруга, жена од повисокото турско општество анани ана – псовка (мајче мајчино) анасена – псовка арамбаша – главатар, водач на разбојници
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но затоа пак Арслан ги собра со себе новите бегови на Мариово Јунуса и Рифата, им ги искина повелбите што им ги даде скопскиот беглер-бег и патем за Цариград ги суреди во воденските клисури, и си отиде во Истанбул да си го заземе своето високо место покрај силниот Велики везир – Србинот Мехмед Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оливера Срезоска, како член, и Трифун Трифуноски, исто член на најсвечен начин ги зазедоа своите места на испитната маса.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А, кога најпосле сепак ќе се вратеше да го заземе своето место во зелениот пластичен стол пред продавницата, пак остануваше загледан во Тумбица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Игор Лозински го зазеде своето вообичаено место на широката маса.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)