Но, сепак можеме да ѝ се опираме на својата општествена позиционираност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По извесно време, вистинскиот облик на таа фиока е надминат и како што ќе одминат децениите и вековите, нам ни се чини дека времето се стврдна и го зазеде тој облик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Машките геј-културни практики, затоа, се склони да си ги сместуваат субјектите, без разлика дали тие субјекти се стрејт или геј, во положбата на исклученото, на дисквалификуваното, на изведбеното, на неавтентичното, на несериозното, на патетичното, на мелодраматичното, на претераното, на извештаченото, на хистеричното, на феминизираното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тоа, геј-културата едноставно си ја признава положбата – пошироката општествена состојба во која се наоѓаат геј-мажите во стрејт-општеството – како и нејзиниот единствен однос кон сплетот од општествени вредности што одат со претежните културни облици на тоа општество.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со оглед на тоа како се структурирани во хетеронормативното општество општествениот и душевниот живот, како се структурирани општествениот свет и човечкиот субјективитет, а и со оглед на непријателската осуда од хетеронормативното општество на хомосексуалноста и на женственоста, геј-мажите немаат многу-многу избор, освен да го заземат тој абјектен, феминизиран домен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)