Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кога се одржуваа јавни судења, таа си го заземаше своето место во одредите на Младинската лига, кои ги опседнуваа судовите од рано утро до доцна навечер, извикувајќи повремено „ Смрт на предавниците“ !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон штотуку го заземаше своето место во еден од средните редови, кога две лица што ги знаеше од видување, но со кои никогаш немаше разговарано, влегоа неочекувано во собата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)