За „лотосовиот цвет“, оној што го задои со првото мајчино млеко, знам многу помалку.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Велешкиот кружок, задоен со неверојатна омраза кон неправдата, бил преокупиран со прашањето за брзото и „лесно“ ослободување на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Јас бев многу задоен со книгите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Разбрале Турците кој го отепал Лумановиот татко и, сеќавајќи се што може да се случи, го чувале малиот сѐ додека тој не пораснал задоен со омраза кон македонското население.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Верувај, јас уште пред да одам таму, бев некако задоен со читањето и духот на славниот Дон Кихот на Сервантес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)