задоволи (гл.) - потреба (имн.)

Исто како кога ќе си ги задоволат потребите со неа, како со животно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Водата ќе се зафаќа од Оризарската река, ќе се прочистува низ простројките (филтрите), ќе се обезбеди 300 литри вода во секунда, со што ќе се задоволат потребите за 55 000 жители во градот и пошироко во Општината Кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ама Доста требаше да ги задоволи потребите на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само бог може да ги задоволи потребите на уметноста во душата на оваа појава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За да ја задоволи потребата за приватност секој пациент мора да има сопствена соба, со сите неопходни елементи кои ја овозможуваат неговата приватност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)