Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко уште во младоста, кога го совлада францускиот јазик, дојде до книгата на Фаик Коница, пишувана под псевдонимот Пирус Бардхули (Pyrrhus Bardhyli), Essai pour les langues naturelles et les langues artificieles, (Брисел, 1903), со која сакаше да им зададе конечен удар на есперантистите и на другите приврзаници на вештачките јазици во големата меѓународна полемика, поддржан од Реми де Гурмон и Гијом Аполинер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)